
Манифестацијата Преспански јаболкобер 2016 завршува денеска со свеченото откинување на првото јаболко во овошните насади на „Свислион Агроплод“ и со доделување општински награди и признанија.
На петдневната манифестација, се реализираа и детски музички хепенинзи, промоција на книги, гостување на НУ Турски Театар- Скопје и слично.
На главниот саемски ден повеќе од 40 компании промовираа сопствени производи и земјоделска механизација.