– Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки, соопштија денеска од Балкан енерџи од каде посочија на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.
За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, Балкан енерџи ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.
За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk. Исто така, на тие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации.
– Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Иако бројот на објекти чии топлински станици не се ставени во работна состојба е намален во споредба со минатата година, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија, се вели во соопштението.