Со 19 медали, македонските кик боксери се закитија во Сараево

Од вкупно освоените 19 медали, осум се златни, шест сребрени и пет бронзени.

Македонскиот тим беше прогласен за најдобар на овој куп, додека Викторија Варадинова е избрана за најдобра кадетка . Таа настапи во две дисциплини кик лајт и лоу кик и во двете освои злато. Варадинова е член на КБК „Гладијатор“ од Штип.

Дисциплина лоу  кик:

златни медали: Слаѓан Димиќ -67кг јуниор; Викторија Варадинова -67кг постар кадет.
сребрен медали: Александар Димовски +91кг сениор.
бронзен медали: Елмаз Ракипи -71кг сениор.

Дисциплина кик лајт:

златни медали: Јован Ѓошев -20кг деца; Викторија Варадинова -65кг постар кадет; Филип Ризов -57 кг јуниор; Стефан Сандев -69кг јуниор; Димитар Ѓорѓиев -79кг сениор; Столе Јордановски +94кг  сениор.
сребрени медали: Блаже Главев -20кг деца; Славче Арсов  -71кг јуниор; Филип  Наковски -84кг сениор; Милан Кубин -91кг сениор; Стефани Тодорова -60кг сениор.
бронзени медали: ЈованаАрсова -50кгпостар кадет; Мимоза Стаменковска -60кг  сениор; Ненад Манојловски -69кг сениор; Елмаз Ракипи -71кг сениор.

На „Сараево Опен“ учество земаа 189 кик боксери од четири земји и повеќе од 54 клубови. Македонската експедиција броеше 18 натпреварувачи.