
Комбинација од лоши временски услови, можна пилотска грешка и механички отстапувања се најверојатна причина за авионската несреќа што се случи пред еден месец во скопското село Кожле, објави ТВ Нова.
Несреќата се случи на шестти септември кога авион марка „Пајпер“ којшто полетал од Тревизо, Италија се урна пред да успее да слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“ при што загинаа шест лица.