
Според програмата, на Денот за високи гости припадниците на декларираната ренџерска чета ќе изведат показна вежба со боево гаѓање: „Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт“, на која ќе ја демонстрираат својата обученост и извежбаност, соопшти Министерството за одбрана.
Оценувањето на ренџерска чета на вежбата ,,Македонски Блесок-12” се реализирa согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим од различни команди на НАТО.
На Денот за високи гости е најавено присуство на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, генерали од АРМ, воените аташеа акредитирани во Македонија, команданти на единиците на АРМ и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.