Сообраќајката на патот Штип-Радовиш: Се судриле влекач и мерцедес, има повредени

Едно лице е повредено во судир на патничко моторно возило марка мерцедес и тешко моторно возило влекач со кумановски регистарски таблички што се случи попладнево на патот Штип –  Радовиш кај местото Краварник.

 

Како што соопшти портпаролот на  СВР Штип, Гордана Панајотова, во несреќата што се случила околу 16:40 часот со телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот, кој е веднаш хоспитализиран во струмичката општа болница.

 

Портпаролот Панајотова вели дека во тек е увидот од страна на истражните органи  со цел да се утврдат причините за сообраќајната незгода.

 

Сообраќајот се уште е во прекин и ќе биде пуштен по завршување на увидот од страна на истражните органи.