ДОГОВОРОТ ПОТПИШАН: СТС Текстајл ќе инвестира 4 милиони евра во Велес

Четири милиони евра изнесува сума која за почеток ќе ја инвестира германската компанија СТС Текстајл во отворање на свои погони во Македонија.

Компанијата, која денеска потпиша договор со македонската Влада, првично планира 50 вработувања, а проекциите се бројката на вработени да достигне 1.000 лица.

Министерот Џери Наумоф и управителот на германската компанија Маркус Туц денес го потпиша договорот за инвестирање во Велес.

Како што истакна Наумоф компанијата ќе започне со работа за една до две недели во реновиран објект, а произведениот индустриски текстил ќе се извезува во Полска, Франција и Германија.

Инвестицијата со германската компанија била договорена за околу една година.

14606279_10154547849002716_6158148709184089167_n

Во фабриката во Велес ќе се работи со најсовремена опрема за плетење. Ова го гарантира управителот на компанијата. Тој додава дека ќе го остварат и даденото ветување за идни инвестиции. Ова е нивна прва инвестиција надвор од Германија.

Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека во изминатите 10 години невработеноста во Велес е намалена за 50 проценти со тенденција за нејзино намалување како резултат на инвестициите и политиките кои ги спроведува владата.

На потпишувањето на договорот присутен беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.