Рускиот претседател, Владимир Путин, на крајот успеа да го постигне тоа што упорно се обидуваше во последниве неколку години – маршрута за транзит на природен гас кон Европа, која ја заобиколува Украина, пишува американскиот гоестратешки портал „American Interest“, пренесува Нетпрес.
Претседателот на Русија во Истанбул потпиша спогодба со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, неделава, а според која годишно повеќе од 30 милијарди кубни метри гас ќе бидат испорачувани во Турција. Тие количества ќе минуваат низ две паралелни цевки, кои ќе бидат поставени на дното на Црното море, а и двете ќе бидат управувани од компанијата „Гаспром“. Едната ќе ја снабдува Турција со гас, со отстапка во цената, додека другата ќе снабдува други европски клиенти.
Едната цевка, која ќе заврши во Турција, е плод на стоплувањето на односите меѓу Путин и Ердоган, по периодот на нивна големата затегнатост откако турската армија го собори рускиот воен авион, во близина на границата со Сирија, пред околу една година. Фактот дека двајцата претседатели успеаа да ги надминат различностите и да се согласат околу проектот, од друга страна креира големи стравови за Западот дека Москва извлече голема корист од проблематичните односи со Турција, земја членка на НАТО со надеж за присоединување кон ЕУ и нејзините традиционални сојузници.
Така и треба да биде – фактот е дека „Турски поток“ беше замрзнат за време на кризата во односите меѓу двете држави. Потпишаната спогодба претставува вистински пробив.
Но, суштината не е тоа.
Она кон што Кремљ цели е пристап кон најважниот пазар – Европа. Таа неопходност е толку голема што Русија се стремеше не кон една, туку кон две алтернативи за своите цевки, кои минуваат низ Украина. Едната на север – „Северен поток-2“, кој оди до Германија преку Балтичкото море, и втората, јужната алтернатива „Турски поток“.
Самиот „Турски поток“ беше изготвен откако Путин го стопираше проектот„Јужен поток“. Тоа, пак, уследи откако Брисел ги отежна работите окколу овој преотк поради стравувања дека ЕУ ќе стане премногу зависна од руските доставки на природен гас.
Стратешката корист од „Турски поток“ е јасна.
За Русија крајната цел не е само да си ги зголеми количествата на извоз на природен гас, туку да ја заобиколи Украина, и со тоа лишувајќи го Киев од еден од клучните лостови во дипломатските преговори. Проектот ќе и’ даде и практична предност на Москва, бидејќи цевководот ќе оди по дел од патот опфатен во проектот „Јужен поток“, и со тоа Русија ќе ги органичи загубите кои ги имаше со стопираниот проект. Природниот гас ќе биде доставуван до границите на ЕУ и нема да подлежи на европското законодавство.
Една од причините што Русија толку агресивно се стреми кон алтернативните гасоводни маршрути кон Европа е поврзана и со зголемениот притисок кој Москва го чувствува од вестите за доставки на течен природен гас. Австралија, Катар и САД придонесуваат за заситување на пазарот и цените значително се намалуваат. Европа би сакала да го зголеми увозот на овој тип на енергенс, за да ја намали зависноста од руските доставки и скриените услови.
„Гаспром“ го знае тоа и ова лето почна да работи на изготвување на поудобни договори за своите европски клиенти, во обид да го задржи својот огромен пазарен удел на Стариот континент.
И тоа и се случи – „послатките“ договори и поедноставниот систем за доставка на гас, кој гасоводите го овозможуваат, можат да имаат ефект на краткорочен и на среднорочен план. Но, гасоводната политика сеуште не стивнала. На долгорочен план, можно е картите да се наредат против Русија, колку и да се масивни нејзините инфраструктурни инвестиции, кои постојано ги презема.