
Брускетите со домати и босилок всушност може да бидат и главно јадење и закуска и салата.
Потребни состојки:
– 2 лажици маслиново масло
– 4 чешниња лук
– жолти и црвени шери домати
– 1 лажица балзамичен оцет
– свеж босилок
– 1 леб
– малку маргарин
Начин на подготовка:
Во тава на средна топлина загрејте го маслиновото масло. Исецкајте или измелете го лукот и додадете го во тавата. Пржете го околу една минута, а потоа тргнете го настрана во еден сад.
Доматите исечете ги на половина и ставете ги во садот, додадете го сецканиот босилок и балзамичниот оцет. Ставете сол и бибер по ваш вкус.
Лебот исечете го дијагонално, за да може поголема површина од него да се пече. Во тава ставете малку маргарин и печете ги парчињата леб од двете страни додека не добијат златна боја.
На печените лепчиња ставете од мешавината на домати, босилок и лук и послужете ги брускетите.