ВМРО-ДПМНЕ најавува викенд на отчетност, реални проекти и дела

Политичката криза во нашата држава трае предолго. Таа е наметната од опозицијата. Кризата предизвикува не само политичка штета, туку и економска. Го раѓа разбирливото чувство на загриженост и несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на оние кои ја предизвикаа- забавување на растот, забавување на реформите, донесување на деструкција и конфликтност, истакна денес Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.