
-Правени се патишта, се гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Таа е најскапа, најтешко е да обезбедите финансирање за неа и 30 години не била направена, ние 3 години имаме потрошено на тоа, ама ќе се направи. Лесно е да направите автопат од Скопје до Тетово на низина, направете од Кичево до Охрид, обезбедете средтсва за тоа, тука има многу финеси. ВМРО-ДПМНЕ има тим , има луѓе за тешки проекти кои знаат да ја водат државата во вистинска насока, посочи Пешевски.