Во Сиднеј запленети 1,2 тона екстази,

Австралиската полиција денеска заплени 1,2 тона екстази во најголемата годинешна акција за заплена на дрога, при што се уапсени и обвинети двајца полски државјани.

Уличната вредност на запленетата дрога полицијата ја проценува на 110 милиони американски долари, јавуваат француските медиуми.

Уапсените Полјаци, на возраст од 28 и 29 години, се обвинети дека дрогата ја скриле во товар со алуминиумски лимови, увезени од Чешка.

Врз основа на дојава дрогата била пронајдена во стовариште во Сиднеј.