Шпанската ракометарка, Бегоња Фернандез, го продолжи договорот со македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ на уште една година.
Поранешната репрезентативка на црвената фурија професионалната кариера ја почна во 1998 година, во екипата на Милар Елиана Валенсија со која играше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Од 2005 до 2008 година настапуваше за Елда Престихио. Најголем дел од кариерата, вкупно шест сезони, настапувше за екипата на Ичако со која во 2011година играше во финалето на Лигата на шампионите.
Во ЖРК Вардар СЦБТ, Фернандез дојде од екипата на Зајечар (Србија) за која настапуваше една полусезона.
Со репрезентацијта на Шпанија има сребрен медал од ЕП 2008 и бронзен медал од ОИ во Лондон. На ЕП 2008 во Македонија, Фернандез беше прогласена за најдобар пикер во Европа.