
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека некои од воените акции во Сирија се граничат со „воени злосторства“.
Таа на прес-конференција во Падерборн истакна дека бомбардирањето на болници и подземни објекти во Алепо е „нехумано“.
– Сметам дека тоа се граничи со воени злосторства, а дали навистина станува збор за воени злосторства ќе одлучи Меѓународниот суд на правдата. Сега единствено е важно тоа да прекине и да се премине на политички процес, нагласи Меркел.
Германската канцеларка нагласи дека „досегашните разговори меѓу Русија и САД, за жал, не доведоа до траен прекин на огнот“.