
Додаваат дека аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре е во износ од 1,915 милијарди денари, или идентична сума колку што се враќа неделава- што значи дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.
Министерството за финансии во реакцијата наведува дека ова се јавни податоци, достапни на веб-страната на Министерството и може секој да ги провери, вклучително дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој тврди дека утре се побаруваат средства 17 пати повеќе отколку што се враќаат.