
Полицијата во западен Брисел донесе декрет според кој правилата кои го опфаќаат однесувањето во јавниот простор, ќе важат и за социјалните мрежи.
Така, во општината Жет, оној кој ќе се послужи со говорот на омраза ризикува да биде казнет со 350 евра парична казна.
Тоа не значи дека полицијата ќе ги следи социјалните мрежи, но дава можност за тужба од лицата кои се жртви на несоодветни коментари и навреди, пренесува Ројтерс.
По поднесување на жалбата, полицијата ќе го идентификува и гони авторот, со што ќе покрене судска постапка.