– Во вчерашнта акција спровдена на единаесет локации во Скадар, Ѓирокастро, Круја и Валона, запленети се еден тон и 273 килограми марихуана, уништени се осум илјади стебла од ова нарктично растение, одземени се четири парчиња оружје и уапсени се осум лица, се наведува во полициското соопштение.
Во текот на днешниот ден итлијанската полиција заплени 650 килограми мархуана, пакувана во 137 пакети, чија вредност на пазарот достигнува вредност од три милиони евра.
Марихуаната била откриена по дојава на жител, во двор на една вила на плажата Санто Стефано кај Монополи, провинција Бари. На брегот пронајден е напуштен моторен чамец, кој бил оштетен од удар во камен во морските води.
Според полицијата дрогата потекнувала од Албанија.