
Селекторот Виталиј Андронов денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за средбите со Македонија и со Исланд. На списокот нема да бидат Сергеј Стецура, Валентин Кошовој, Сергеј Бурка и Сергеј Онифриенко, играчи кои беа лидери на репрезентацијата во изминатиот период.
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 2 ноември во СЦ Борис Трајковски во Скопје.