
Реконструкцијата на делницата Велес – Скопје ќе почне кон средината на годинава.
„За реконструкција на делницата Велес-Скопје во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор. Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности“, вели министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој денеска беше во посета на реконструкцијата на мостот кај Велес.
Се планира обнова на 23,5 километри од автопатската делница Велес-Катланово, а проценетата вредност на градежните работи е околу 8 милиони евра.
На јавниот повик беа пријавени три компании, а извештајот од извршената евалуација е испратен до Делегацијата на ЕУ. Беше обновен и автопатот на правецот Катланово-Велес.