Како холивудските ѕвезди слабеат преку ноќ?

Позната холивудска нутриционистка Кимберли Снајдер советуваше голем број познати актерки за тајните на здравата изхрана, а неодамна објави книга со 85 рецепти за убавина.

Една од најважните работи што Кимберли им ја напоменува на нејзините клентки е консумирањето на зелено смути, кое не само што дава мотивација за загуба на килограми, туку и ја подмладува кожата, го забавува стареењето и ја зголемува енергијата.

За голем број познати ѕвезди ова е единствениот појадок што тие го консумираат со години наназад.

Како да го подготвите овој магичен пијалак прочитајте на следната страница:

Состојки:

  • 1, 5 лажица вода
  • 1 главица зелена салата
  • 3-4 стапчиња целер
  • 1 рака спанаќ
  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • 1 банана и сок од половина лимон

Напомена: Обидете се да најдете органско овошје и зеленчук.

Подготовка:

Добро измијте ги сите состојки, исечкајте ги и измиксајте ги во блендер.

Овој хранлив пијалак е идеален како појадок за сите што живеат урбано, а посакуваат моќна утринска инекција полна здравје, убавина и енергија.

Оваа напивка ги топи масните наслаги и ви помага да ја доведете вашата линија во ред.