
Албански државјанин заработи кривична пријава бидејќи ограби гостиварчанка пред болница.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против 23-годишниот А.Ј. од Албанија кој на четври овој месец ја ограби 55-годишната В.С.
Насилникот пред влезот за дијализа во Медицински центар Гостивар насилно и ја одзел ташната на В.С. во која имало накит вреден 600.000 денари.
Полицијата утврдила дека А.Ј. незаконски престојувал во Гостивар.