Три месеци затвор за мажот, кој се обиде да силува жена во Кичево

кичево

Од Основен суд-Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и е спроведен во КПД Идризово во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот на 19 октомври годинава влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото.

Вработената успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Набргу потоа тој бил пронајден.