
-Позади ова 10-то место стојат 3500 проекти кои Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше изминативе 10 години. Нема сектор во Македонија каде што не се направени реформи, почнувајќи од земјоделството, преку 1,5 милијарди евра се поделени како субвенции. Понатаму продолжувајќи во транспортот, се градат 3 автопати и илјадници километри регионални, локални патишта. Во здравството, вложени се преку 100 милиони евра во болници и подобрување на здравствениот систем. Нема место каде што не е инвестирано, рече тој.
Трпески потсети дека во 2006-та година во Катастарот не можеше да се влезе и да се заврши работа, а во катастарот во Скопје функционираа само 3 шалтерски места.
-Денес во 2016-та година имаме електронски Катастар кој 24 часа е достапен до граѓаните, рече тој.