
Агенцијата за храна и ветеринарство информирана е за инцидентот во кој 3 малолетни деца се хоспитализирани во Детската клиника во Скопје, но официјално, од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје – Скопје, немаме добиено информација за пријава за труење со храна и за хоспитализирани лица.
Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени.
Не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.
Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица.