Картер: Наскоро план за Рака, продолжување на преговорите со Турција

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави вчера дека планот за опколување на Рака, главното засолниште на Исламска држава во Сирија, наскоро ќе биде изработен со расположливите сили и оти преговорите со Турција продолжуваат за улогата, која таа земја би можела да ја има во натамошниот развој на ситуацијата.

– Планираме наскоро да се упатиме таму со сили кои се способни да го опколат градот Рака, рече Картер на прес-конференција.

Тој додаде дека САД продолжуваат да преговараат со Турција за конечното преземање на Рака, како и за можната улога на Турција во натамошниот развој на ситуација.