Од коалицијата информираат дека на овие предвремени парламентарни избори ќе се регистрираат како официјален набљудувач на изборниот процес, согласно правилникот и процедурите на ДИК, со цел осигурување на фер и демократски процес во кој секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.
– На официјалната веб-страница на НВО „Синергија” во текот на идната недела ќе биде објавен повик за волонтери-набљудувачи на предвремените парламентарни избори 2016, кој ќе биде проследен и до медиумите и до јавноста. Целта е и овие избори како и сите претходни да имаме успешен сеопфат и мониторинг на избирачките места, а воедно на истата веб-страна изложени се сите потребни контакти за понатамошни информации и прашања, истакнуваат од коалицијата.
Информираат дека ќе го следат изборниот процес и кампања, како се одвиваат, и ќе укажуваат на сите работи за кои сметаат дека треба да им бидат сервирани на граѓаните.