Стареењето е неизбежно, но тоа не значи дека треба да престанете да се смеете или постојано да се муртите. Внесете неколку ситни измени во вашиот секојдневен живот и ќе ги надмудрите годините.
Одете брзо по 40 минути три пати неделно
Иако спортот воопшто е добар за здравјето, тој е добар и за кожата, затоа што ја забрзува размената на кислород. Сепак избегнете го трчањето по груба подлога затоа што поголемата осцилација на телото горе-долу ќе предизвика вашата кожа побрзо да се истегне. Добар избор би била лентата за трчање или скалите. Ако немате време за тоа, секој викенд возете велоспиед по два часа.
Изберете ноќна крема со ретинол
Ништо не ја мазни кожата и не го стимулира производството на колаген и еластин како ретинолот. Но, со оглед на тоа дека тој е чувствителен на силната сончева светлина, би било најдобро да ја нанесувате навечер, пред спиење.
Правете пилинг барем еднаш неделно
На кожата и е мошне тешко да се регенерира ако на неа имате остатоци од себум, шминка и мртви ќелии, па затоа е важно постојано да ги отстранувате. Ако немате пилинг, можете да промешате малку шеќер со млеко за чистење лице.
Не конзумирајте брза храна
Во младоста не размислувате за брчките, но вашата кожа се помни, а сметката ќе ви ја сервира многу подоцна. Газираните пијалаци, помфритот и пицата се полни со шеќери што го уништуваат колагенот и еластинот, кои се чувари на нејзината цврстина.