Окото на Робин ван Перси е во добр состојба

Првите вести кои стигнаа од Турција по страшната повреда на окото на фудбалерот на Фенербахче Робин ван Перси, говореа дека можно е тој да стави крај на кариерата поради веројатноста да го изгуби видот на левото око.

Сепак, по укажаната лекарска помош Ван Перси се вратил на стадионот и и го следел натпреварот, а клубот од Истанбул на својата официјална страна ја објави и прогнозата на клупскиот лекар.

-Ван Перси доби силен удар во окото и имаше сериозно крварење. По првичните прегледи го испративме на офталмолог за понатамошни проверки и заклучено е дека ништо сериозно не се случило и околото е во добра состојба, вели клупскиот лекар.

 

robin-van-persie