
Како што соопшти таа, сообраќајката била во 17.45 часот, на магистралниот пат Градско – Прилеп, во Росоман.
Во неа учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци, појасни Стојковска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил марка „фиат уно“, кој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница- Кавадарци, заради укажување лекарска помош.
Увид на самото место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Велес.