
Украинскиот премиер, Арсениј Јаценјук, изјавил дека политичкиот дел од Договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската унија би можел да биде потпиша на 21-ви март.
„Разговарав со претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпуј. Тој рече дека земјите членки на ЕУ се подготвени на 21-ви март да одржат самит за потпишување на политичкиот дел од Договорот за асоцијација“, рекол Јаценјук.
Претходно, полскиот премиер, Доналд Туск, и германската канцеларка, Ангела Меркел, исто така, соопштиле дека планираат следната недела да го потпишат тој договор.