
Последната недела не донесе нешто ново кое досега не сме го знаеле. Во суштина старото во целост се разоткри што може и слепите да ги натера да прогледаат:
Прво, се потврди дека „трета опција“ за Македонија не постои. Се создаде групација од национални одродници и државни предавници како Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов , која ќе учествува на изборите со измамничкиот лозунг: „ВМРО за Македонија“. Поточниот наслов ќе биде: „Измамници против Македонија“. Обрнете внимание, Георгиевски бил лидер на „Народна“ партија, Брат Љубе на некои фантоми „Обединети за Македонија“, а генералот Стојанче прокламира некое „Достоинство“. Со еден збор, секој од таа тројка прокламира тоа што му недостасува нему. Стојанче е солидарен со албанскиот тероризам и експанзионизам. Бошковски беше фатен како го продава македонското име, а Георгиевски уште во 1999 година ја продаде и македонската држава и македонското малцинство во Бугарија со потпишаната Декларација со Бугарија. Значи ТРОЈЦАТА СЕ ЗАСЛУЖЕНИ ДА ГО ЗАВРШАТ СВОЈОТ ЖИВОТ ВО ЗАТВОР, А НАЈАВУВАAТ СПАСУВАЧКА ОПЦИЈА.
Второ, веќе и преку пратеничките листи СДСМ коалицира со албанските екстремисти и со „шарените“ бандити. Тие бандити ги истуркаа недоволно агресивните СДСМ-активисти, а тоа значи дека македонскиот Мајдан се замислува да биде остварен преку бандити со имунитет. Спротивно на состојбите во Киев каде бандитите прво го реализира Пучот, а потоа станаа пратеници. Во македонската вариjанта тие заглавиjа, сега им е потребен имунитет и гаранции дека нема да бидат уапсени.
Трето, во прилог на кажаното погоре, организаторот на Пучот во Македонија, Џес Бејли изјави дека „Политиката кон Македонија нема да се промени, кој било да победи на изборите во САД“. Со други зборови и понатаму САД ќе бидат двигател за уништувањето на македонскиот идентитет и на македонската држава.
Четврто, пратеничките листи на СДСМ го потврдуваат фактот дека во Македонија има малку вистински интелектуалци, т.е. национално одговорни македонски патриоти. Независно од тоа дека денес секој втор се мисли за интелектуалец, научник или некаков творец. Независно дека имаме на хартија десетици божемни научни установи и илјадници професори. Збирот меѓу „шарени“ и псевдонаучни македонски непријатели ја докажуваат потребата од сериозна реформа во високото образование со вистински а не со партиски критериуми.
Кој ќе ја брани Македонија по 11 декември?
Секако, никој од најавените гробари. Наспроти тоа ѓубриште, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да направи пратенички листи од паметни и цврсти македонски патриоти, кои ќе го реализират ослободуването на македонскиот народ од внатрешните предавници и надворешните окупатори. Веќе има поцврсто движење во тој дух и кај државите во соседство. Молдавија не сака да биде пример како американски вазал. Во првиот круг од претседателските избори во Бугарија претставниците на патриотската опција имат предност пред тие на бугарскиот Мило Џукановиќ. Притоа, таа предност е околу 4 отсто. Во Србија Вучиќ исто бара алтернатива, затоа е загрозен и неговиот живот. Црногорската опозиција исто така нема да гледа мирно како се уништува таа славна држава, која прва на Балканот се ослободи од османлиите.
ЦЕЛИОТ БАЛКАН ВРИЕ. ВРИЕ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ПАТРИОТИСКИ ГНЕВ. ОВОЈ ПАТ МОРА ДА ИМА РАСЧИСТУВАЊЕ, И ТОА ЖЕСТОКО РАСЧИСТУВАЊЕ СО ДОСЕГАШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ОДРОДНИЦИ И ДРЖАВНИ ПРЕДАВНИЦИ.