Влијателен украински олигарх и главен играч во продажба на природен гас за Украина е обвинет за корупција во Соединетите Американски Држави.
Четириесет и осумгодишниот Дмитро Фирташ, кој е уапсен оваа недела во Виена е обвинет за корупција во рамки на меѓународна измама во американската држава Илиноис, се наведува во краткото соопштение на американското Обвинителство и се додава дека САД бараат негова екстрадиција.
Од тамошното Обвинителство велат дека обвинението нема никаква врска со кризата во Украина.
„Апсењето на Фирташ не е поврзано со неодамнешните настани во Украина“, рекле од Обвинителството.