Новиот претседател на САД изборната победа вечерва ќе ја слави во Њујорк, кој и да победи, бидејќи републиканскиот кандидат резервирал релативно скромен хотел на Шестата авенија, додека демократката го изнајмила огромниот „Центар Џевитс“.
Тие две локации се на само три километри оддалечени една од друга.
Во хотелот „Хилтон мидтаун“ персоналот привршува со подготовките поставувајќи огромни екрани и подготвувајќи ја банкет-салата во која њујоршкиот милијардер планира да одржи победничка прослава.
Недалеку оттаму, на брегот на реката Хадсон е „Центарот Џевитс“ огромни здание со стаклен кров каде Хилари Клинтон има намера да го прослави изборниот триумф.