
Владата што треба да биде формирана по изборите на 11 декември, како што кажа Жбогар, треба да ја искористи оваа можност и овој Извештај да го претвори во безусловен.
– Кризата трае премногу долго. Државните институции треба да ја вратат својата кредибилност, а ЕУ е подготвена да ве поддржи во трансформирањето на вашата земја во она што таа заслужува и сака да биде – демократско, динамично и просперитетно место што може да им понуди на своите граѓани стабилност и подобри перспективи за во иднина, рече Жбогар.
Тој на прес-конференцијата во седиштето на Европската унија во Скопје ги презентираше главните наоди од годинашниот Извештај за напредокот по области.