
АСММ информира дека сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат.
На сите други државни патишта сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.