Осветлете ја косата само со витамин Ц

Доколку посакувате да имате посветла коса, пред да одите кај фризерот на бојадисување за да ја осветлите косата, еве еден метод за природно избелување.

Резултатите од овој третман се видливи веднаш по првото миење.

Состојки:

Витамин Ц – Идеално би било да имате таблети

Шампон – оној што вообичаенао го користите

Подготовка и примена:

Издробете 7 – 8 таблети витамин Ц и правот измешајте го во шампонот што го користите. Нормално миете ја косата, но на крајот на секое миење ставете и балзам.

Тоа е се! Вашата коса ќе осветли минимум за една нијанса.