
Нелегитимниот претседател на синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски продолжува да ја узурпира функцијата и врши своеволие во рамките на синдикатот, тврди претседателот на синдикалната организација при министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Игор Миќев.
Според него, Грујовски нелегитимно го променил статутот и сите акти кои се однесуваат на работата на УПОЗ, незаконски разрешува претседатели на синдикатите, исклучува долгогодишни членови, поставувајќи на нивно место негови послушници и на своја рака организира средби со претставници на политички организации.
Само во последните два месеци биле разрешени 10 претседатели на синдикални организации без да бидат консултирани членовите на УПОЗ.