Во Атина денеска избувнаа судири, кога демонстрантите кои протестираа поради посетата на американскиот претседател Барак Обама, се обидоа да го пробијат низ полицискиот коридон, а органите на редот одговорија со солзавец.
Нема информации за настрадани и жртви.
Претходно, грчката полиција соопшти дека околу 3.000 анархисти, поддржувачи на левичарските групи и студенти тргнале кон центарот на Атина на протестен марш поради посетата на Обама.
Друг протест, планиран од Комунистичката партија, се очекува да започне подоцна денеска.
Полицијата ќе ги изолира демонстрантите надвор од местата каде престојува Обама.
Властите забранија секакви демонстрации во широк круг околу центарот на Атина.
Над 5.000 полицајци се ангажирани поради зголемените безбедносни мерки по повод дводневата посета на Обама.
Силите за безбедност се со зголемена претпазливост и подготвеност, откако анархистите повикаа на „напади и судири“ за време на посетата.
Меѓу грчките левичари постои силна антиамериканска традиција.
Тие уште негодуваат поради американската поддршка на грчката воена хунта од 1967 до 1974 година.