Најпопуларниот „lunch-time” третман-ботоксот не се симнува од првите места на топ листата на антиејџ третманите.
Botulinum Toxin A се користи од 1980 год во неврологијата и офталмологијата за третирање на различни пореметувања на мускулите. 1987 год го одобрува Светската Здравствена Организација (FDA) за безбедно и ефикасно користење кај пациенти на возраст од 18-65 години во третмани при благи и изразени брчки на челото, меѓу веѓите и околу очите.
Американското здружение на естетските пластични хирурзи наведува дека во 2010-та година дури 83% од сите процедури биле нехируршки,а инјекциите на ботоксот најпопуларна неинвазивна процедура. Таа е кратка,ефектна и докторите кои ја применуваат велат,исклучително безбедна-па ретко ќе сретнете антиејџ доктор кој не е “ботоксиран”.
Третманот трае само петнаесетина минути, со неколку кратки убоди, а по неколку дена ќе приметите дека гримасите кои ги создавале брчките веќе не можете да ги правите. Две недели после третманот ќе имате полн ефект-губење на мимичните брчки.
Супстанцата која ја нарекуваме ботокс е Botulinum toxin A,продукт на специфичните бактерии (Clostridium Botulinum),кои предизвикуваат труење со храна наречено Botulizam. Отровот кој го произведуваат овие бактерии спаѓа меѓу најтоксичните,но во медицински цели се користи пречистена слабо концентрирана форма на токсинот.
Кога се аплицира во мали дози во специфични мускули,ботоксот ги блокира хемиските сигнали и ја оневозможува контракцијата на мускулите. Тој привремено ги блокира рецепторите на нервите кои ги движат мускулите на лицето,и така ја спречува нивната контракција и мимиките кои ги создаваат брчките.
Ботокс и брчки
Кожата на лицето ги отсликува движењата на нашите мускули вцртувајќи ги брчките. Со блокирање на работата на одредени мускули исчезнуваат брчките на кожата, а длабоките брчки се пополнуваат. На тој начин се губи уморниот или налутен израз на лицето потенциран со мимичките брчки.
Ботоксот е одличен избор за третирање на вертикалните линии меѓу очите,како и брчките на носот, брчките на аглите на очите,брчки на челото, како и исправање на асиметријата на капаците или веѓите.
Но, не можат сите брчки на лицето да бидат третирани со ботокс. Тој не може да ги исправи брчките настанати со оштетување од сонцето. Исто така не е пожелно да се третираат брчки на долната половина на лицето.
Без „замрзнато” лице
Со посебна техника на вбризгување на ботоксот се задржуваат мимиките а не се оцртуваат брчките,и на тој начин се избегнува ефектот на “замрзнато” лице. Се повеќе е популарен мезоботоксот,примена на разблажен ботокс кој со мезотераписка техника се вбризгува со минијатурни иглички во зоната на лицето,вратот и деколтето. Предвиден е и за пациенти кои сакаат повеќе мимики а помалку брчки,или за помладите особи кои се борат превентивно против стареењето на кожата. Друга можност е и “baby” ботокс,кога боцкањето се врши во помали,посебно одредени дози и на посебно одредени места. Го преферираат глумиците кои сакаат да бидат без брчки,но и да ја сочуваат мимиката која е особено битна за нивната професија.
Без влажни дланки и пазуви
Прекумерното потење ( Hiperhidroza) се третира со поголема разреденост на ботоксот и со површна апликација,директно под кожата. Со ова се ослабува функцијата на потните жлезди,а еден третман овозможува период од 6 месеци до 1 година без зголемено потење. Ова е всушност медицинска индикација за ботокс,но ефектот е врзан за естетиката.
Ботокс без игла? Не уште…
Постојаните обиди да се добие ефектот кој што го дава ботоксот без инјекција,за сега не вродиле со плод,и она што го можат кремите кои тврдат дека имаат ботокс ефект не може ниту одблизу да се мери со ефектот на инјекцијата.Моментално како најголема новост на ова поле е најавата на гел на база на ботулин тип А,кој ќе ги намали брчките околу очите,а резултатите ќе траат околу четири месеци,тврдат производителите.Уште не се знае кога би излегол гелот на пазарот,но треба да се знае дека не станува збор за козметика,туку препаратот ќе го применуваат докторите во ординации.
Ризици
Инјекциите на ботокс се исклучително безбедни кога ги аплицира едуциран доктор.
До денес,единствен одобрен препарат и регистриран во нашата земја е Botulin Toxin Tip A –Dysport,кој го употребуваме во нашиот Центар.Лекарот е должен да му го покаже на пациентот шишенцето од препаратот кој го користи за третманот.
Доколку нема етикета третманот не е сигурен и не треба да се прифати !!!
Основни компликации се:модринка на местото на апликација(поминува за неколку дена),минимална главоболка(24-48 часа,најчесто при првата апликација).
Резултати
Резултатите ќе ги приметите за неколку дена,но полниот ефект е видлив околу 2 недели после апликацијата. Со апликација на умерени количини на ботокс се задржува потполно природен изглед на лицето,и ниту еден антирид или крема не може со таков ефект да ги измазни брчките или да го одложи нивното настанување. Деството трае 4-6 месеци,после што мускулот се опоравува и се враќа во претходната состојба.
Кога ќе помине дејството на ботоксот, функцијата на мускулот во потполност се враќа и третманот може неограничено да се повторува. Исто така,третманите можат да се прекинат во било кој момент без било каква дилема дека на лицето ќе настанат било какви последици.