Триесет и тригодишен маж од Кочани рано утрово загина откако бил прегазен од автомобил, со кој што управувал негов сограѓанин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила утрово околу 4 часот на улицата Бел Камен. Двбаесет и деветгодишниот Б.С. управувајќи со својот автомобил удрил во 33-годишниот Ристе В. од Кочани, кој од здобиените повреди починал на самото место.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.