-Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција за нова истрага со име „Таргет“, соопшти СЈО предмалку на својата Фејсбук страница.
Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност, па познавачите коментираат дека ваквите испади СДСМ сега сака да ги задуши со нов прес на СЈО. Заев во низа скандалозни и антимакедонски изјави ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.
Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.