Додека полицијата на Малезија ги истражува домовите на пилотите на малезискиот авион, кој што исчезна, постојат сомнежи дека еден од нив извршил самоубиство и така авионот се урнал.
„Логично е пилотот, а не киднаперот, да ги исклучи комуникациските системи“, рекол членот на одборот на Здруженијата на австралисти и меѓународни пилоти, Мајк Глин.
Малезискиот министер за сообраќај, Хишамудин Хусеин, рекол дека комуникациските системи во авионот се исклучени пред последниот радио контакт меѓу авионот и контролата на летање.
„Последното нешто што јас како пилот е сакам сомнежите да паднат на екипажот, но тоа веќе се случило два пати во историјата на авијацијата“, рекол Глин.
Тој смета дека полицијата која ги истражува домовите на пилотот и копилотот на исчезнатиот авион мора да ја земат можноста дека едниот од нив извршил самоубиство, па затоа намерно е урнато леталото.