Патнички вагони излетаа од шините, над 90 загинати во Индија (ФОТО+ВИДЕО_

Најмалку 91 лица загинаа, а над 120 се повредени во денешната железничка несреќа што се случи во северниот дел на Индија, соопшти полицијата.

Билансот на жртвите се искачи на 91, изјави Далџит Синг Чаудари, шеф на полицијата на државата Утар Прадеш.

Несреќата се случила кога 14 вагони од патничкиот воз излетале од шините во близина на селото Права, во близина на индустрискиот град Канпура, додека поголемиот број патници спиеле. Возот сообраќал на линијата Патна – Индоре.

Спасувачките екипи го пребаруваат местото на несреќата за да проверат дали има заглавени патници во тешко оштетените вагони, посочи Чаудари.

indija-nesreka2

indija-nesreka3

Железничката мрежа во Индија, една од најстарите во светот, и понатаму е главно превозно средства на подолги дестинации, но слабо се одржува и тешките несреќи се случуваат релативно често.