Роналд Џонсон: Победата на Груевски, услов за поблиска соработка со Трамп и САД

Победата на Доналд Трамп се совпаѓа со предвремените парламентарни избори во Македонија, каде што се очекува Никола Груевски да биде реизбран за премиер на државата.  Политичките случувања во двете земји во пресрет на 2017 се критични за односите помеѓу Македонија и САД, пишува во својата колумна американскиот генерал Роналд Џонсон.

Некој ќе се запраша, пишува тој, зошто САД треба да се грижи за Македонија.

-Македонија е пријателска, стабилна нација во време на немири во и е клучна во регионот. Комбинацијата на сириски бегалци, колапс на грчката економија ја остава иднината на Европа под знак прашалник. Низ сета оваа нестабилност, Македонија и Никола Груевски се покажаа како пријатели и неопходни сојузници на САД. Македонија и САД работеа заедно за да се сопре бегалската криза. Исто така Македонија има интерес да стане членка на НАТО, со цел да помогне на алијансата за да бори против тероризмот и ИСИС, со што Македонија и САД делат исти цели, пишува Џонсон.

Македонија е мала копнена држава, која што е главен транзит во патот на бегалците од Сирија кои сакаат да стигнат до Европа.

-Како што се зголемуваше интензитетот на бегалската криза, Македонија спроведе вонредни мерки за да се сочува безбедноста но хуманитарниот аспект од бегалската криза, заклучува тој во својата колумна.

Роналд Џонсон е поранешен истакнат генерал во американската армија.