Две лица со телесни повреди, четири сообраќајки во Скопје

повреди

Како што информираа од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се повеќе возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки, а 10 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Затекнати се 38 непрописно паркирани возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот “ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ Гоце Делчев“ со учениците од второ одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Во  делот на превентивните активности ќе се одржи едукативна работилница во автобус на ЈСП со учениците од  III одделение од  О.У„ Круме Кепески општина Кисела Вода.

Со почеток во 17:45 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките  на СЕХА лигата ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу РК Вардар  и РК Мералург. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.