Најголемиот ривал, тимот на Ливерпул е последниот кој може да се пофали дека го има понижено и тоа на “Олд Трафорд”, најголемото разочарување во актуелната сезона од англиската Премиер лига, екипата на Манчестер Јунајтед.
Неделниот дерби натпревар помеѓу лутите ривали заврши со убедлив триумф на “црвените” од 3:0, кои упатија дури три удари од белата точка, но капитенот, Стивен Џерард го реализираше првиот и вториот удар.
Последниот погодок на натпреварот беше дело на уругвајскиот интернационалец Луис Суарез, а црвен картон во финишот од натпреварот заработи српскиот интернационалец, Немања Видиќ.
Вториот дерби натпревар од 30. коло во англиската Премиер лига, градската пресметка помеѓу лутите ривали, Тотенхем и Арсенал, заврши со минимален триумф на “топчиите”, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 2 минута беше дело на чешкиот интернационалев, Томас Росицки.