Прогласен за предавник и личност која им штети на лидерите, вчера со стрелања беше погубен тетинот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.
Тетинот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун беше егзекутиран вчера.
Џанг Сонг Tек , кој се сметаше за вториот најмоќен човек во државата, беше убиен веднаш по судењето во воениот суд.
Тој беше прогласен за предавник и „полош од куче“, контра-револуционер кој сакал да ја предаде државата, пренесе КЦНА, новинска агенција која го поддржува режимот на диктаторот.
На почетокот на неделата тој беше избркан од работничка партија на Кореја, неговите постери беа искинати, а тој беше обвинет за корупција, употреба на дрога, коцкање, швалерисување и видење на „растурен и расипан живот“.
Бил погубен со стрелање, честа пракса во Северна Кореја.
Новинаската агенција објави соопштение во кое го прогласува Тек за контроверзна политичка личност која се обидувала да им наштети на лидерите.
На неговата егзекуција се гледа како на веројатно најголем пресврт во севернокорејската хиерархија, откако Ким Џонг Ун дојде на власт пред две години.