Државната дума ќе го забрза усвојувањето на законите поради референдумот во Крим

Државната дума ќе го забрза усвојувањето на законите како резултат на референдумот во Крим, на кој мнозинството жители на полуостровот гласаа за приклучување кон Русија. Ова го објави заменик-претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Неверов, пренесува „Россијскаја газета“.

Неверов истакнал дека Државата дума ќе ги преземе сите „неопходни законски решенија во најкраток можен рок“. Според него, резултатите од гласањето покажуваат дека жителите на Крим ја гледаат својата иднина само како дел од Русија“.

Денеска се очекува делегација со претставници на властите во Крим да пристигне во Москва за консултации по поради резултатите од референдумот. Делегацијата ќе ја сочинуваат премиерот на Крим, Сергеј Аксонов и претседателот на парламентот, Владимир Константинов.