
Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола ќе го изработи и печати доверливиот изборен материјал и ќе го испечати Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Оваа одлука на синоќешната седница ја донесе Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК решавале меѓу понудите на „Киро Дандаро“ и печатницата „Европа“.
Печатницата „Киро Дандаро“ го печатеше изборниот материјал и во претходни изборни циклуси.
Државната изборна комисија (ДИК) на синоќешната седница одлучуваше и за акредитирање на набљудувачи на изборите.