Го фатиле сред кражба

тетово

По кусото задржување А.А. бил предаден во КПУ „Идризово“ во Скопје каде издржувал  повеќегодишна затворска казна и од каде пред извесно време бил пуштен на викенд меѓутоа не се вратил, изјави Јосифовски.

Според полициските податоци, А.А. бил фатен откако  влегол во куќата од С.М (63) од Тетово низ незаклучената врата и од спалната соба на катот која целосно ја пребарал одзел неколку кутии со разновиден златен накит по што се искачил во подпокривот, најверојатно да се сокрие, бидејќи во меѓувреме се вратил еден од членовите на семејството. Многу брзо тој бил забележан од синот на сопственикот на куќата кој заедно со татко му го фатиле А.А. и му ги одзеле кутиите со накит, а потоа го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово посочи Јосифовски.